Американската цвеќарка Сузан МкЛири отишла чекор подалеку во својата професија. Таа нуди накит од мали сукуленти. Вистински живи растенија се одбираат рачно, посебно за секое парче. Потоа, тие се прикачуваат на модните додадоци и можат да растат 2-4 недели. Подоцна растенијата се одвојуваат од нивната основа и се засадуваат во саксија. Не само што ќе можете да продолжите да го носите накитот, туку и го задржувате украсното растение со години! Токму затоа дизајнерката вели дека ова би можело да биде прекрасен симболичен подарок за невестите.
Сузан вели дека таа сосема случајно станала цвеќарка, Таа изработувала накит како хоби, кога еден ден една пријателка ѝ побарала да го дизајнира нејзиниот свадбен букет. Тогаш Сузан ја открила својата вистинска страст. Подоцна почнала да ги изработува овие неверојатни парчиња за фотосесии, но реакциите биле толку одлични, што креаторката решила да ги продава на сајтот „Etsy“.