Судат двајца дилери на дрога.
Судијата:
– Ви давам една недела можност да си ја намалите казната. За таа цел треба да одвикнете барем по 5 лица од употреба на дрога.
Ако одвикнете 10 и нагоре – слободни сте.
По една недела.
Првиот:
– Почитуван господин судија, одвикнав 10 луѓе. Го користев методот на кругови.
– Објаснете подетално!
– Ги собрав сите наркомани и им нацртав на ѕидот два круга – мал и голем. Им објаснив дека големиот круг е нивниот мозок пред дрогата, а малиот – по.
– Слободен си!
Вториот:
– Почитуван господин судија, одвикнав 175 луѓе. И јас користев метод на кругови.
– Многу бе!? Објасни!
– Ги собрав и им нацртав на ѕидот два круга – мал и голем. Им објаснив дека малиот круг им е анусот пред затворот, а големиот – по.

Сподели на Facebook
пати видено