Ова е вистинска љубов! Откако неговата сакана ослепела, тој не ѝ го свртел грбот, туку нашол прекрасен начин да ѝ покаже колку многу ја сака.
Г-н и г-ѓа Куроки живееле среќен живот како производители на млечни производи во рурална област во Јапонија, одгледувајќи две прекрасни деца. Но, се случила трагедија кога г-ѓа Куроки го изгубила својот вид поради компликации со дијабетес. Набргу таа станала депримирана и повлечена, изолирајќи се во семејниот дом.
Г-н Куроки се мачел да најде начин да ја разведри својата сопруга, кога му дошла на ум прекрасна идеја: решил да задади цветна градина во чијшто мирис таа ќе може да ужива, поттикнувајќи ја да излезе надвор. По две години напорна работа и по засадени илјадници цвеќиња, приватна фарма сега привлекува луѓе од целиот свет кои сакаат со свои очи да ја видат оваа љубовна приказна.