Голтањето мечови не е само добро разработен визуелен трик. Вештите изведувачи навистина забиваат сечило долго најмалку 40 сантиметри. Но како? Сѐ е во хранопроводот. Со цел да ја совладаат древната вештина на голтањето мечови, ентузијастите минуваат години и години вежбајќи како да научат да ги контролираат несвесните телесни рефлекси. Првин, голтачите на мечови мораат да ги совладаат рефлексите за повраќање, така што првин почнуваат да буткаат прсти во грлото, потоа предмети како лажици, четки, игли за плетење и пластични цевки, минувајќи низ чести воспалувања на грлото. Мечот првин треба да мине низ голтникот, кој е дел од телото кој го употребувате кога подригнувате, голтате, повраќате итн. Потоа изведувачот мора да го свитка телото на начин кој ќе му овозможи мечот да мине крај неговото срце. На крајот мечот завршува во влезот на стомакот. Овие мускули се придвижуваат несвесно, тие се тие кои спречуваат содржината на вашиот стомак да ви се врати назад во грлото, и кога тие ќе ослабат, се јавуваат киселини.
Преку напорно вежбање, голтачите на мечови учат да ги контролираат овие мускули, овозможувајќи му на мечот да влезе во стомакот.
И да, не обидувајте се да го правите ова дома, дури и со многу помали сечила, бидејќи за вакво нешто треба огромна вештина. Еден погрешен чекор, едно погрешно движење и нештата можат да завршат трагично!