На прв поглед личи како целото село Ропото да го градел некој мајстор – мераклија, но приказната е сосема поинаква.
Поради лизгање на земјиштето, целото село Ропото, заедно со дебел слој земја се лизнало надолу по падината на планината. Така, куќите кои си биле исправени, сега се навалени во различни насоки.