Минатиот месец стотици ученици од Бангладеш се разболеле од мистериозна болест. Чудната серија настани започнала кога ученичка во училиштето Шибрам во Фаридпур ненадејно добила напад на потешкотија со дишењето – по што истото се случило и кај 37 нејзини соученици. Наставниците донеле одлука да ги евакуираат учениците на училишното игралиште, но откако се разболеле 30 ученици, зградата била затворена за да се испита случајот.

histerija

Не поминало долго време пред стотици ученици, од кои повеќето девојчиња се разболеле и инспекторите морале да ги затворат сите училишта во регионот се додека да се најде објаснување за случајот.

Некои од учениците биле примени во болница, но докторите не можеле да им најдат ништо, и симптомите набргу исчезнувале. На крај целиот настан бил окарактеризиран како масовна хистерија – психолошки феномен во кој една личност покажува определени симптоми кои иницираат исти такви, симптоми кај друга личност, и ова не е изолиран случај во историјата.

histerija2

histerija3

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено