Во последно време на социјалните мрежи се појавија нови начини да се опишат човечките интеракции, социјалните однесувања и многу аспекти на психологијата. Еден од тие описи е „висока емоционална интелегенција“. Што е тоа емоционална интелегенциа и зошто луѓето кои ја поседуваат се успешни во сѐ што прават.

ei01

Според „Психологија денес“, „Емоционалната интелегенција е способност да се препознаваат своите и чувствата на другите и да се управува со нив.“ Вообичаено тоа опфаќа три вештини:

1. Емоционална свесност, заедно со способноста да се идентификуваат личните чувства, како и чувствата на другите.

2. Способноста за справување со чувствата и нивна примена во активности како решавање на проблеми.

3. Способноста за регулирање и контрола на чувствата, вклучувајќи ја способноста за контрола врз сопствените емоции, како и способноста да го поткренете расположението на друга личност или да ја смирите.

Доколку се прашувате дали имате висока интелегенција, или ако сакате да ја подобрите вашата емоционална интелегенција за да остварите лични цели во вашиот живот или кариера, постојат 11 особини коишто ги имаат луѓето со висока емоционална интелегенција.

??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

1. Тие не се совршени

Перфекционизмот вообичаено знае да попречува во многу нешта, како завршувањето на задачите и остварувањето на целите на време. Ова се случува затоа што перфекционистите имаат проблем да започнат со извршувањето, тие одложуваат и секогаш се во потрага по совршеното решение, иако вообичаено такво нешто не постои. Токму поради оваа причина луѓето со висока емоционална интелегенција не се перфекционисти. Тие разбираат дека не постои такво нешто како „совршенство“ и продолжуваат напред. Кога ќе се случат грешки, тие учат од нив и ги поправаат

2. Знаат да направат рамнотежа помеѓу работата и задоволството

Кога работите по цел ден, секој ден во неделата, без да си одвоите време за себе, додавате стрес и здравствени проблеми во вашиот живот. Токму затоа луѓето со висока емоционална интелегенција знаат кога да направат пауза и кога е време за задоволство. Со други зборови, ако ви треба време да се исклучите од светот, сторете го тоа! Тоа со сигурност ќе ви го намали нивото на стрес и ќе ве направи посреќни.

3. На промената гледаат како на добредојден дел во животот

Наместо да се вознемируваат секогаш кога ќе се појави некаква промена, емоционално интелегентните луѓе разбираат дека промената е дел од животот. Таа вклучува и добро и лошо, и подобро е тоа да се прифати наместо да се спротивставува. Не плашете се од промената, наместо тоа, прилагодете се на промените околу вас и работете со тоа што го имате.

4. Љубопитни се за другите

Без разлика дали некој е отворен и зборлест или тивок и повлечен, емоционално интелегентните луѓе се интересираат за луѓето околу нив. Таквата љубопитност влече корен од нивната сочувствителност. Сочувствителноста е еден од најголемите придонесувачки чинители на емоционалната интелегенција, па така не би требало да биде некое изненадување дека колку повеќе се грижите за другите, толку пољубопитни станувате за нив.

5. Сочувствуваат

Како што спомнавме, емпатијата игра огромна улога во емоционалната интелгенција. Даниел Голмен, психолог и автор на книгата „Фокусирање: скриениот возач на одличноста“, за Хафингтон пост изјавил дека емпатијата е една од петте компоненти на емоционалната интелегенција.

„Постои цел спектрум од целосна саможивост,забележување до сочувство“, вели Голмен. „Едноставно е факт дека ние сме фокусирани на себеси,и толку сме зафатени со тоа, што во текот на денот не се ни забележуваме едни со други.“

Да бидете повнимателни, наместо да бидте целосно апсорбирани во вашиот сопствен свет, посадува семе на сочувствителноста, клучен дел на емоционалната интелегенција.

6. Ги знаат своите силни страни, како и своите слабости

Луѓето со емоционална интелегенција знаат во што се сдобри, а во што не се толку добри. Не само што го прифаќаат тоа, туку знаат и како да го олеснат тоа работејќи со вистинските луѓе во вистинските околности.

7. Тие се самомотивирани

Децата вообичаено прават нешто затоа што на крајот добиваат награда за тоа. Но, ако сте биле од оние деца коишто правеле нешто затоа што си го поставиле за цел, тогаш тоа можеби помогнало за развивање на вашата емоционална интелегенција.

8. Не живеат во минатото

Луѓето со висока емоционална интелегенција одбиваат да се заглават во минатото. Зошто е тоа така? Затоа што се премногу зафатени мислејќи нГрешките од инатото никогаш не ги обременува со негативност, и не држат лутина. Запомнете, движењето напред, а не гледањето назад, е тоа што ви помага во развојот.

9. Се сосредоточуваат на позитивното

Луѓето со висока емоционална интелегенција порадо би го менувале своето време и енергија придонесувајќи за наоѓањето на решение, отколку да се сосредоточуваат на самиот проблем. Наместо да се залепат за негативното, тие се обидуваат да го видат позитивното. Се фокусираат на тоа да имаат контрола, наместо да си го губат времето фокусирајќи се на нештата коишто тргнале наопаку. Исто така, тежнеат кон тоа да минуваат повеќе време со позитивни луѓе.

10. Тешко се навредуваат

Високата емоционална интелетенција начи да знаете кој сте. И откако сте утврдиле што точно значи тоа да сте „вие“, тогаш е многу тешко да се вознемирите од нешто што некој ќе го каже за вас. Емоционално зрелите луѓе имаат самодоверба и нивниот ум е отворен. Тоа значи дека тие ја знаат разликата помеѓу хуморот и понижувањето.

11. Тие создаваат и одржуваат граници

Некои луѓе мислат дека луѓето со висока интелегенција лесно се манипулираат, или дека се слаби поради нивната љубезност и добрина. Но, тие знаат да постават граници и да се држат до нив. Со други зборови, тие знаат да кажат „не“.

Сподели на Facebook
пати видено