„Ние се браниме себеси од злото. Ние ги браниме сите малцинства во регионот. Ние ќе сториме сѐ што ќе се побара од нас.“

Можеби не го знаете ова, но има илјадници жени и мажи кои се држат како заробеници од страна на терористичката организација Даеш. Всушност, голем процент од нив се од заедницата Јазиди. Според обединетите нации, приближно 3500 луѓе сѐ уште се држат во заробеништво, и повеќето се млади жени и девојчиња.

Former ISIS Sex Slaves Form All-Female Battalion 'Sun Ladies' to Launch Massive Assault on ISIS

Во 2014 година, напад врз народот Јазиди резултирал со одвлекување во заробеништво на околу 5000 мажи, жени и деца. Оттогаш наваму, 2000 успеале да преживеат, но со ужасни спомени за болното искуство. Преживеаните жени, кои што себеси се нарекуваат „Силите на дамите на сонцето“, зеле оружје в рака сакајќи да се одмаздат, но и да обезбедат иднина за својот народ. Така тие формирале целосно женски баталјон и сега се подготвуваат за силен напад врз Мосул, упориштето на ИСИС кадешто многу од жените биле разменувани од помеѓу милитантите како сексуални робинки.

jz02

Капетан Хаутон Хидер, член на баталјанот, го кажа следново за медиумите.

„Кога и да се поведе војна, нашите жени завршуваат како жртви. Жени си ги фрлаа своите деца од планините, а потоа и самите скокаа бидејќи тоа беше побрз начин са се умре. На сите нас рацете ни беа врзани. Не можевме да сториме ништо околу тоа.

jz03

Сега се браниме себеси од злото. Ги браниме сите малцинства во регионот. Ќе сториме сѐ што ќе се побара од нас.

Хидер е една од стоте Јазиди жени коишто тренирале со курдските Пешмерга сили. Уште петстотини жени чекаат да им се придружат.

jz05

„Нашата елитна единица е пример за другите жени во регионот“, вели Хидер. „Сакаме да се заблагодариме на сите други земји кои ни помагаат во овие тешки времиња, сакаме сите да земат оружје в рака и да знаат како да се заштитат себеси од злото.“

jz04

Терористите од ИСИС сметаат дека Јазидите го обожуваат ѓаволот, и покрај тоа што нивната вера всушност е спој помеѓу христијанството, зорастризмот и исламот. Впрочем, интересно е да се размисли за тоа чии дејства повеќе личат на ѓаволски, но нешто друго паѓа во очи. Додека во Сирија жени формираат воени единици за да се борат со терористите, во Европа дојдоа илјадници и илјадници млади и военоспособни мажи – како „бегалци“…

 

Сподели на Facebook
пати видено