Папата Францис денес патува во Куба, како дел од процесот на помирувањето помеѓу двете најголеми христијански цркви, 1000 години по поделбата, за потоа да замине на турнеја низ Мексико, во кое доминираат современи проблеми како насилство поврзано со трговијата со дрога и миграцијата. Аргентинскиот понти ќе помине два часа во приватен разговор со Кирил, патријархот на Руската православна црква на аеродромот хозе МАрти во хавана.Тоа ќе биде првата средба помеѓу двете најголеми цркви на христијанството по шизмата од 1054 година, која допринесе во начинот на кој се оформија современа Европа и Блискиот исток.

cr01

Францис и Кирил ќе потпишат заедничка декларација против современите прогонства на христијаните во места како Ирак и Сирија. Состанокот на неутрална почва бил планиран со децении, при што последните пречки биле надминати со решеноста на папата, како и со чувството во православната црква дека последните настани на Блискиот исток ја направија потребата за единство во христијанството уште поитна.

Зближувањето со православното крило на христијанството е во согласност со желбата на Францис да го направи Ватикан поактивен играч во меѓународната дипломатија.

cr02

„Само сакав да ги прегрнам моите православни браќа“, кажал тој во интервју оваа недела. Но, исто така истакнал дека Русија може да биде значаен пратнер за мир во светот.

Александар Волков, портпарол на Православната црква во Москва вели дека зад средбата на двајцата религиски лидери нема никаква политичка агенда. Тој се надеца дека средбата ќе отвори „нови можности за взаемна соработка“, но истакнал дека не се планира обединување на источната и западната црква.

Сподели на Facebook
пати видено