Полицијата на канадскиот град Калгари доби налог за претрес на станот на 28-годишниот Коди Скот.
Вкупната вредност на стоката што ја најдоа е 1,5 милиони долари, а поради разновидноста и квалитетот на украдена стока, слободно можел да си отвори некој хипермаркет. Разбирливо е дека човекот не работи сам, па полицијата успеа да ја идентификува целата банда. Сега сите сили се насочени кон апсење на соучесниците на овој криминалец.