Сложени и убави, дрвјата се едни од најпрекрасните чуда на светот на природата и се извор на разни неопходни нешта за човекот уште од самите наши почетоци.
Метузалем стар 4.843 години
Сместен во Белите Планини во Калифорнија, се смета дека овој долговечен бор е најстариот жив организам сѐ до пронаоѓањето на уште еден кој е стар 5000 години.
На едно дрво растат 40 вида овошје
Ова дрво е скалемено така што може да расте 40 различни видови на овошје, почнувајќи од праски до цреши. Вистинско современо чудо, кое ги отвара вратите за слични вакви дрвја кои можат да помогнат во исхраната на луѓе во сурови средини.
144-годишна јапонска розова глицинија
Покривајќи површина од преку 2000 квадратни метри, ова дрво е дел од цветниот парк Ашикага во Јапонија уште од 1870 година. Поради природата на ширењето на глициниите, неговите тешки гранки денес се крепат на метални структури овозможувајќи им на туристите да прават неверојатни фотографии под неговата крошна.
Генералот Шерман, џиновска секвоја, е највисокото дрво во целиот свет
Наоѓајќи се во Националниот парк Секвоја во Калифорнија, ова величенствено дрво е високо преку 83 метри и се смета дека е старо помеѓу 2300 и 2700 години.
Африканските дрвја боабаб
Изгледајќи како нешто од некоја друга планета, дрвјата боабаб својот уникатен облик го должат на тоа што водата ја складираат во нивните стебла, поради долгите суши во суровите африкански климатски услови. За некои од овие дрвја се утврдило дека за време на дождовните сезони во нивните стебла успеваат да складираат преку 120.000 литри вода.
Ангелски даб
Се смета дека овој даб, кој се наоѓа во Чарлстон, Јужна Каролина, е стар речиси 1400 години. Некои од неговите гранки се долги околу 60 метри.
Циркуски дрвја
Овие генетски модифицирани дрвја биле дизајнирани од страна на хортикултурологот Аксл Ерландсон. Дрвјава можат да се виткаат во секакви форми, правејќи ги вистинска жива атракција.
Костенот на стоте коњи
Најстариот костен во светот е стар околу 4000 години, но тоа што го прави посебен овој сицилијански костен е легендата за него. Соред приказната, за време на едно невреме под него се засолнале 100 витези, што му го дало името на ова дрво.
Еукалиптус-виножито
Овие разнобојни дрвја имаат темнозелена кора која често ги менува нијансите со текот на возраста или како последица на влијанието на временските услови, што го прави да изгледа речиси како виножито.
400 годишно јапонско бонсаи
Иако сепак не е најстарото бонсаи, ова дрво е особено бидејќи успеало да ја преживее нуклеарната бомба врз Хирошима во 1945. Сега се наоѓа во Националниот Бонсаи музеј во Вашингтон, САД.
Дрвото од Туле
Овој чемпрес се наоѓа на градскиот плоштад во Санта Марија дел Туле во Мексико. Се смета дека неговото уникатно стебло е најдебелото во светот. Не се знае за точната старост на дрвото, но проценките се движат од 1200 до 5000 години.
Боаб дрвото-затвор
Шупливото стебло на ова боаб дрво во Дерби, Западна Австралија наводно било употребувано од страна на австралиските абориџини како затвор за нивните злосторници. Се разбира, ова е само легенда и нема цврст доказ дека навистина било така.
Уште еден стар даб, The Major Oak – стар 1000 години
Сместен во срцето на шумата Шервуд во Нотингамшир, Англија, ова дрво наводно било скривалиштето на Робин Худ. Во последните години станало слабо, поради што сега неговите гранки се поддржувани од структури направени од човечка рака.
Банјан
Банјан е вид смоква која започнува да расте врз стеблата на други дрвја. Дрвото домаќин на крај умира скапувајќи, давајќи му го препознатливиот „издлабен“ изглед на банјанот.
Неговите шуплини се дом за најразлични видови животни.
Маслината од Вувес
Се смета дека ова е најстарата маслина во светот. Проценето е дека Маслината од Вувес на Крит, Грција, е стара преку 3000 години, и сѐ уште раѓа маслини кои се крајно скапи.
Накривените дрвја од Слоуп Поинт, Нов Зеланд
Разните дрвја кои растат во јужната област на Нов Зеланд постојано се изложени на силни ветрови од Антарктикот. Нивната препознатлива накривеност е потсетник за издржливоста на Мајката Природа.