Во денешно време светот на уметноста се менува толку брзо, што тешко можеме да држиме чекор со него. Има модерни слики кои изгледаат како луто нафрлани бои, а други пак се технички, хиперреалистични ремек-дела. Постојат толку многу начини да се создава уметност, што воопшто не е чудо што уметникот Бред Тремел се обидува да создаде нови стратегии. Во оваа серија уметнички дела, тој ги остава овие мали гении да ја создадат уметноста за него – делава се создадени од мравки.

Според Тремел, целта е да се гледа играта на колективниот труд. „Некои луѓе велат дека мравките бесцелно градат тунели, но тие луѓе не ги гледале мравките толку долго колку што јас ги имам гледано.“

mr01

Бред е сосема во право за тоа.

mr02

„Гелот низ кој копаат е за јадење и им ги обезбедува сите потребни хранливи материи и вода.“

mr03

„Кога копаат, овие работници ја завршуваат секоја задача од почеток до крај: го нагризуваат гелот, џвакајќи и складирајќи помали парчиња во поголеми сфери, изнесувајќи поголеми парчиња гел на површината и складирајќи го сметот во купчиња определени за тоа.“

mr04

„Дел од гелот попат е изеден, но поголемиот дел од него е ископан и организиран во процесот на копање надолу. Секоја мравка ќе заврши една задача и потоа ќе биде сменета од друга мравка за следната.“

mr05

Сѐ е тоа убаво, само што повеќе звучи како час по биологија отколку уметност.

mr06

Сепак, резултатите се неверојатни.

mr07

Сподели на Facebook
пати видено