Фотографот Рајан Дебут од Пекинг неодамна се вратил од патување во Лаос кадешто минал два дена истражувајќи ја пештерата Там Кун Ксе, една од најголемите активни речни пештери во светот. Протегајќи се речиси 7 километри под земја, пештерскиот систем е невообичаено изолиран и на Дебут му било дозволено да слика и снима подлабоко отколку што вообичаено им се дозволува на туристите да влезат. Огромноста на подземниот простор е запрепастувачка, при што во просек таванот е висок 60 метри, а просторот помеѓу ѕидовите изнесува 76 метри, просто не е за верување дека може да има толкаво пространтство под земја. Дебут понел цел арсенал на фотографска и видео опрема, како и дрон за колку што е можно подетално да ги овековечи овие природни убавини.