Понекогаш е тешко човек да се наврати во минатото и да увиди колку различен – а понекогаш и навистина чуден – можел да биде животот во тоа време. За среќа, постојат фотографии кои ги пренесуваат чудните настани кои ја обликувале човечката историја.

Очилата на Ленон по неговото убиство

sl01

Јоко Оно неодамна ја постирала оваа морбидна стара фотографија на нејзиниот профил на Твитер. Станува збор за крвавите очила на Ленон на денот кога бил убиен во 1980 година.

Линдон Б. Џонсон и неговата кола амфибија

sl02

Човекот кој го вози автомобилот е американскиот претседател Линдон Б. Џонсон во 1965 година. Тој многу сакал да ги плаши гостите на неговиот ранч, упатувајќи се со својата водоземна кола право во езерото.

Карневал на Кју Кјукс Клан

sl03

Ова не е ноќна мора, ниту хорор филм. Ова е вистинска фотографија на која се гледа како Кјук Клукс кланот уживал на карневал во Канон Сити, Колорадо во 1925 година.

Хитлер, пред и потоа

sl04

Оваа слика е направена во 1944 година од страна на американската тајна служба, со која сакале да прикажат како би изгледал Хитлер доколку си го сменел својот препознатлив изглед.

Стрелаштво, жени

sl05

Ова се почетоциоте на женскиот спорт, натпревар во стрелаштво за време на летните олимписки игри во Лондон, 1908 година. За жал, изгледа дека настанот не бил многу популарен, ако се суди по празните трибини.

Тестирање на панцир

sl06

Некој морал да ги тестира првите панцири. Овој храбар човек дозволил во него да биде стрелано во името на науката и индустријата.

Првата фотографија на Абрахам Линколн

sl07

Ова е најраната позната фотографија со Абрахам Линколн, снимена околу 1846 година. Без неговиот препознатлив шешир и брада, тешко дека би го препознале.

Че Гевара и Фидел Кастро

sl08

Иако Че Гевара се смета за симбол на бунтовноста, а Фидел Кастро на тиранијата, и двајцата дејствувале заедно во времето на Кубанската револуција во 1956 година.

Сподели на Facebook
пати видено