На Шреја Дарџи од Дееса, Гаџарат, западна Иднија, ѝ излегуваат по десет мравки дневно од ушите, велат нивните родители. Досега ѝ биле извадени преку 1000 мравки, откако докторите откриле дека ѝ се вгнездиле во ушниот канал и почнале да се размножуваат. Проблемот на Шреја првин започанл како иритација во увото, што започнало во август минатата година, а кога отишла во локалната болница, докторите имале што да видат.

mr01

И покрај тоа што досега извадиле голем број на мравки и прават сѐ да се реши проблемот, мравките продолжуваат да се изведуваат. Нејзините очајни родители велат дека сториле сѐ што можеле, од традиционална медицина до врачови, но мравките продолжуваат да ѝ излегуваат од увото.

mr02

„Таа не чувствува болка, и покрај тоа што мравките ја касаат, и нема никакво оштетување на уштните тапанчиња“, велат лекарите. „Семејството живее нормален живот и живеат во здрава средина, така што за ова не можат да се обвинат лошите услови за живеење. Не веруваме дека мравките положуваат јајца во увото, бидејќи не забележавме кралица внатре. Целосно сме збунети“, вели д-р Џавахар.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено