Крајната цел на рекламните агенции е да продадат производ. Понекогаш, како ќе го сторат тоа зависи од тоа колку креативни сакаат да бидат. Во некои случаи огласувачите избираат да бидат крајно провокативни само за да привлечат внимание, па понекогаш едноставно ќе претараат, по што нивните реклами веднаш биваат забранети. Ако рекламите сепак биле емитувани, тоа се случило само еднаш или само во некои земји, бидејќи тоа што би се сметало за дрскост, во други земји едноставно би било ризично да се пушти. Ви претставуваме десет забранети и контроверзни реклами кои исто така се и многу смешни.
10. Нисан
Актерката Ким Катрал е најпозната по улогата на незаситната Саманта Џонс од „Сексот и градот“. Така, кога снимила реклама за Нисан, наменета за пазарот во Нов Зеланд, нејзината реплика била во согласност со имиџот кој си го изградила за себе. Иако Катрал не вели ништо експлицитно и безобрасно, освен некои двосмислени фрази, националниот одбор за реклами во Нов Зеланд добил голем број поплаки, по што рекламата била повлечена.
9. Шејк, жити мајка
Производителот на протеинскиот пијалок од Британија „Фор Гуднес Шејк“ ја направил оваа реклама во 2013 година, за да прикаже дека колку е непријатно кога морате да го протресете здравиот пијалок во јавност, пред да го испиете, како и за да истакне дека нивниот шејк не мора да се протресува. Но, оваа реклама не им се видела забавна на сите. По само една упатена жалба, групата за контрола на рекламите ја погледале и утврдиле дека рекламата би можела да биде навредлива за голем број луѓе, по што истата била повлечена.
8. Рагби шампионат
Кога станува збор за ривалството во спортот, секогаш е убаво кога победува вашиот тим, и уште поубаво е кога противничкиот тим губи. Тоа чувство многу убаво било изразено за време на рагби Шампионатот на шесте народи 2012. Рагби фанови од Ирска, Велс и Шкотска биле запрашани кој би сакале тие да изгуби во турниро. Без ни најмалку двоумење, сите кажале – Англија. Клипот бил повлечен од Би-Би-Си бидејќи мислеле дека може да се сфати како антианглиски. Подоцна била прикажана втора верзија во која и Англичаните биле прашани истото прашање, но недостасувала спонтаноста на првиот клип.
7. Хјундаи
Оваа шведкса реклама од 1999 година била прикажувана главно во западна Европа. Не била прикажувана многу надвор од рамките на овие граници бидејќи се сметала за премногу табу за конзервативните пазари, иако според денешните стандарди би можела да изгледа и малку застарена. Во рекламата се прикажува жена која се обидува да го скрие својот љубовник, за на крај да испадне дека и тој си има свои тајни.
И покрај тоа што била ретко прикажувана, сепак стекнала голема популарност во геј заедницата, што и не е некое изненадување.
6. Друго си е да знаеш јазик
Дали некогаш сте се нашле во група на луѓе кои зборуваат јазик кој вие не го разбирате? Понекогаш тоа ве прави малку параноични. Дали тие отворено ви се смеат? Дали ви се смеат бидејќи не го знаете јазикот, па им се може? За тоа зборува оваа реклама за училиште за странски јазици од Холандија. Секако, рекламата никогаш не би одела во земја во која официјалниот јазик е англискиот, од сосема разбирливи причини. Исто така, не сите се откачени како Холанѓаните.
5. Зазу кондоми
Секој родител ќе ви каже дека децата се најголемото богатство и вистиснко чудо, но исто така ќе ви признаат дека децата знаат да бидат и вистински мали демони. Се разбира, кога луѓето ќе се занесат, сакајќи само малку да се забавуваат, тие не ја земаат предвид можноста тие неколку минути слатко задоволство да резултираат со немирно дете. Токму ова го истакнува оваа забранета белгиска реклама за кондомите Зазу. Бидејќи, ако можноста да фатите некоја лоша, смртоносна заразна болест не ви е доволно страшна, колку страшна би била помислата непланирано да станете родител?
4. Паметен бип, ами како
На прв состанок сте, но дали од возбудата, дали од што, нешто ве стега стомакот, и ја искористувате првата прилика кога сте сами да си ја олесните малку душичката…за набргу да сфатите дека не сте биле сами.
Смешна реклама, но за телевизијата Фокс била премногу безобразна за да се емитува во етер.
3. Икеа
Икеа има направено повеќе реклами со црн хумор во кои ги исмева неорганизираните и неуредни луѓе. Рекламите биле емитувани главно во Европа. Во една од рекламите една жена си го губи сопственото бебе во сиот неред низ куќа, во друга млад човек случајно ја убива девојката на првиот состанок, откако таа се набоднува на вилушка која се нашла на каучот, а во оваа реклама дете си игра со лошо скриената играчка за возрасни.
2. Сникерс
Оваа реклама од 2007 година прикажува двајца мажи кои случајно споделуваат непосакуван интимен момент откако се излажале за чоколадо. Кога ќе сфатат што направиле, предлагаат да сторат нешто мажествено, за да го потиснат срамот кој го чувстуваат.
1. Ролинг Рок
Рекламата прикажува безбол натпревар, кога наеднаш топчето почнува да ги игнорира сите закони на физиката и да ги удира мажите во меѓуножјето. На крајот дознавате дека рекламата е за – пиво. Но, рекламата била забранета, и не поради сите тие непријатни удари, туку затоа што крајот премногу го истакнувал машкиот полов орган, според цензорите.