Стоунхенџ е една од големите мистеии на древниот свет. Оваа огромна структура била изградена во периодот помеѓу 3000 и 2000 г. пр.н.е. Но, освен основните податоци, истражувачите не знаат многу за минатото на тој локалитет. Една англиска архитектка разработува една доста интересна теорија за вистинската намена на Стоунхенџ, и разработила нов модел за тоа како можеби изгледал древниот локалитет во времето кога бил изграден и употребуван.

Сара Јубенк ги постирала овие слики на кои е прикажано како таа верува дека изгледал Стоунхенџ

sh01

Јубенк верува дека камењата кои сега ги гледаме на локалитетот порано биле потпорни столбови на џиновска кружна градба. Таа дури шпекулира дека градбата имала втор кат.

sh02

Таа верува дека кружниот објект служел како место за разни собирања, како прослави, предавања и концерти. „Нашите предци од бронзеното доба биле интелегентни луѓе со потреби слични на денешните. Заборавете на крзнените наметки и ритуалните жртвувања – тоа не е точно“, вели Јубенк.

Еве како градбата стара 4000 години изгледа денес. Нема никакви знаци дека некогаш имала покрив, но тоа за Јубенк не претставува проблем.

sh03

Ако навистина имала покривна структура од пропадлив материјал, таа едноставно е загубена за историјата.

sh04

Претпоставките на Јубенк за Стоунхенџ беа пречекани со силни критики, но некои веруваат дека можеби е на добар траг.

sh05

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено