Четириесет и едногодишник, чијашто зафатеност со работата го навела да ги насобере тие килограми, открива како успеал да загуби две третини од своите маснотии за само десет недели. Напорната работа, заедно со грижата неговиот тешко болен татко, го довела до не толку ласкав изглед на дебелко.

Но, четириесетгодишникот успеал од компир на каучот да се претвори во бог на финтесот, откако се подложил на строг режим кој вклучувал пет сесии во теретана неделно и шест оброци дневно. И благодарение на строгата програма и исхрана, Дејв успеал да исфрли две третини од неговите телесни маснотии за само десет недели.

bd01

И покрај тоа што секогаш водел активен животен стил – играл фудбал, одел во сала, а извесно време дури се квалификувал и за личен тренер – неговиот бурен градски живот си го зел својот данок со текот на времето.

Неговата динамична работа како менаџер за продажба на големо, кадешто често започнувал со работа во два наутро, задно со стресто од грижата за неговиот татко – довеле до тоа да се здобие со вишок килограми.

bd02 bd03

Откако неговото тело достигнало ниво на маснотии во износ од 21.5 отсто, а сакајќи да изгледа добро за претстојниот одмор со семејството, тој решил да се подложи на интезивна програма за вежбање. „Морав да преземам нешто. До претстојното патување и свадба ми преостануваа уште десет недели да ја остварам својата цел.“

bd04 bd05

Откако се зачленил во програмата „Ембоди Фитнес“, Дејв добил не еден, туку двајца лични тренери и му биле дадени строги упатства за режимот на исхрана.

„Тие ми назначија човек да се грижи за мојата исхрана, и друг човек да се грижи за моето вежбање“, објаснува тој. „Ми беше лесно да го следам режимот на исхрана, и покрај тоа што не беа дозволени „оброци за мамење“ ниту алкохол. Воошто не е чувствував гладен.“

bd06

Претходно Дејв се хранел на појадоци од продавница сендвичи во метрото, но сега му било кажано да се префрли на оброци богати со протеини, како пилешко, кафеав ориз и зеленчук, како и појадоци богати со хранливи материи како спанаќ и овошје. Исто така, му било наредено да престане да јаде чоколада и сендвичи за ужина, заменувајќи ги со поздрави опции богати со витамини. Неговата строга нова диета била придружена со специфична и напорна програма за вежбање.

bd07

„Тренирав со мојот тренер три дена во неделата и еднаш или два пати сам“, вели тој. „Сесиите секогаш беа предизвик и вистинско уживање и секогаш го вадев максимумот од себе за секоја сесија, дури и кога понекогаш бев исцрпен од работните обврски кои ми започнуваа во два часот наутро.“

bd08

Набргу 41-годишникот започнал да ги забележува резултатите и сега некогашниот дебелко може да се гордее со совршената телесна фигура. Коментирајќи ја својата трансформација, Дејв вели: „Секогаш можат да се постигнат резултати ако дадете сѐ од себе и се држите до зацртаниот план.“

Сподели на Facebook
пати видено