Миг кој го одзема здивот додека патнички авион надлетува туристи само неколку метри над нивните глави додека слетува на „најстрашната“ писта на светот. Неверојатната снимка е направена од турист кој стоел на безбедно место додека авионот ја надлетувал плажата Бахо на карипскиот остров Св. Мартин. Плажата Махо е една од најпознатите локации за т.н. плејнспотинг (гледање авиони), при што илјадници храбри туристи се слеваат секој ден да застанат директно под патеката на патничкиот авион.

av

На снимката се гледа авион на „Пава Доминикана“ како приоѓа на меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“, додека набљудувачите врескаат и бодрат. На ова место се собираат голем број луѓе, и покрај знакот кој предупредува дека воздушната струја која ја создава авионот додека слетува или полетува може да предизвика сериозни повреди, па дури и смрт. Некои луѓе одат дотаму што се држат за оградата пред аеродромот додека полетува авион, за воздушната струја да ги крене од земјата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено