Од радио сигнали до роботи со мрежи, до сега биле тестирани разни идеи за соборување на дроновите кои летаат кадешто е им е местото. Но, холандската национална полиција зема помалку технолошки пристап за да го примени законот за дронови. Едно видео прикажува дека тренираат орли да ги ловат заканувачките машини во воздух, брзо соборувајќи ги.
Марк Виб, директор за иновации при националната полиција на Холандија вели дека дроновите стануваат сѐ почести, при што многу луѓе ги употребуваат за фотографирање, на пример. Но, тие би можеле да бидат и опасни, доколку од високо паднат врз толпа луѓе. Исто така, дроновите со вградени камери можат да претставуваат закана за приватноста. „Во вакви ситуации на дроновите не треба да им се дозволи да летаат. Ова скоро секогаш е поврзано со безбедноста“, додава тој.
За да ги пресретнува противзаконските дронови, полициските сили се здружиле со „Чувари од височините“ – компанија за тренирање на птици грабливки од Данска, со цел да се тестира нивната интелегенција и прецизност.
Орлите се тренирани да идентификуваат и ловат квадкоптери, кои стануваат сѐ повеќе популарни.
„Ова однесување е забележано во дивината. Минатата година орел собори квадкоптер во Австрија, а тимот откри дека птиците инстинктивно бараат место да слетаат подалеку од луѓето.“
„Птицата го гледа дронот како плен и го носи на безбедно место, кадешто не би можела да настрада од други птици или луѓе. Ние овој инстинкт ќе го искористиме за наша заштита.“
Во тестовите птиците се наградувани со вкусна награда за секое соборување на дрон, засилувајќи ја нивната желба истото да го сторат повторно. Се очекува тестовите да траат неколку месеци, по што експертите ќе одлучат дали птиците грабливки се најдоброто оружје за справување со дроновите натрапници.