Ако сте на восраст под четириесет години, постои голема веројатност да постигнете „електронска бемсртност“ за време на вашиот животен век. Според оваа замисла, сите ваши мисли и искуства ќе бидат префрлени онлајн и чувани за следните генерации, според футуролог кој не само што верува дека технологијата ќе овозможи спојување а луѓето со компјутерите, туку дека тоа ќе создаде сосема нов вид на луѓе – Homo optimus. Тој тврди дека тоа ќе се случи најдоцна до 2050 година.
Овие предвидувања се направенио од страна на д-р Иан Пирсон како најава за „Биг Бенг“ саемот 2016.Тој верува дека во текот на следните 35 години, луѓето ќе „живеат“ онлајн, а нашите миленичиња ќе можат да „зборуваат“ со нас.
„Со унапредени геноми и тела со помош на надворешна технологија, луѓето ќе можат да бидат поубави, поинтелегентни и емоционално пософистицирани, телесно посбособни, со повеќе поврзани на општествен план, општо земено поздрави и посреќни.“
Како што луѓето го прегрнуаат технолошкиот напредок и постепено се претвораат во андроиди, би можеле да видиме како Homo Sapiens полека се претвора во Homo Optimus, смета тој.
„Тоа што е возбудливо е фактот дека природата веќе не е таа која ги наметнува промените врз нас, туку нашите сопствени пробиви ни овозможуваат да правиме промени според наша желба“, објаснува д-р Пирсон.
„Ова би можело да доведе до некои чудни и прекрасни идни форми и созданија – од менување на нашите лица до контролирање на нашите сништа – за сето тоа ќе биде граница само нашата фантазија“
Д-р Пирсон верува дека со помош на целосно воспоставена врска помеѓу човечкиот мозок и компјутер, луѓето ќе можат да го преместат нивниот ум во подобрено тело на андроид.
„Ова ќе им овозможи на луѓето да имаат повеќекратни постоења и идентитети, или да продолжат да живеат и по нивната биолошка смрт“, пишува тој во „Извештај за идниот човек“. Оваа технологија би можела да се појави најдоцна до 2050 година, но ќе биде доволно ефтина за да биде широко достапна до 2070 година. До крајот на овој век, најверојатно ќе живеат повеќе видови на луѓе како хибриди помеѓу луѓе и машини, луѓе кои живеат во тела на андроиди, како и супер умни суштества.
„Сигурно ќе успееме технолошки да унапредиме и некои од нашите миленици, а можеби ќе создадеме и сосема нов вид, како вистински Фурби“.
„Биг Бенг“ саемот е најоглемата прослава на науката, технологијата, инженерингот и математиката во Британија, на кој луѓето имаат можност да се запознаат со технологии како сензори на кожата кои на луѓето им овозможуваат да слушаат музика преку коските, до роботски оркестри.