Меѓу неодамна откриен комплет оригинални цртежи на Никола Тесла се наоѓа графички приказ за множење кој во себе ги содржи сите броеви во едноставен систем. Скиците биле најдени во продавница на антиквитети во Феникс, Аризона, од страна на локален уметник по име Ејб Зука. Се верува дека биле создадени во последните години на Варденклиф, лабораторијата за бесплатна енергија на Тесла. Се мисли дека ракописот содржи многу решенија на нерешени математички проблеми.
Скиците биле скриени во мал куфер заедно со бројни други цртежи и ракописи за изуми почнувајќи од рачни технолошки уреди до системи за бесплатна енергија, со работни белешки по нив. Некои од нив се веќе познати на јавноста, но други не се. Најпозната од новооткриените е Мапата за множење, наречена уште и Математичка спирала. Зука направил неколку копии од неа и ја покажал на повеќе мислители и математичари. Неколку дена подоцна, Џои Гредер, професор по математика, почнал да работи на дешифрирањето на системот и направил неколку пробиви. Гредер сугерира дека спиралата не само што го проучува множењето како испреплетена мрежа, туку и „нуди сеопфатно визуелно разбирање за тоа како сите броеви се самоорганизирани во 12 позиции на компатибилност.“
„Овој систем ни овозможува да ги видиме броевите како обрасци, формациите на простите броеви, простите броеви-близнаци, сложените броеви, множењето и делењето како и неколку други системи кои мислам дека допрва претстои да се откријат.“
Дијаграмот сам по себе е многу интуитивен, овозможувајќи им на студентите да видат како сите броеви функционираат во спирала од дванаесет позиции. Се смета дека бројот 12 (или износот на број помножен со 12) е најсовршениот број, поради што веројатно имаме и 12 месеци во годината, 12 музички тонови, 24 часа во денот итн. 12 може да се подели со 2, 3, 4 и 6, како и сите износи на множење со 12.
Тесла е познат по цитатот „Кога само би ја знаеле величественоста на 3, 6 и 9, би имале клуч за универзумот.“
Уште една интересна работа за овој дијаграм е тоа што е датиран со 12/12/(19)12.