Кога ТВ презентерката Кристин Чабак го започнала своето презентирање утрото на 15. јули 1974 година, никој не ни претпоставувал што планира да стори. Само неколку минути по започнувањето на емитувањето, Чабак била мртва. Се застрелала себеси в глава. Властите ја заплениле снимката, но затоа што тоа се емитувало во живо, многу луѓе ја виделе како си го одзема животот. Навистина е вознемирувачко да се види нешто такво, и четири децении подоцна, на филмскиот фестивал Санденс беа прикажани два филма за овој инцидент.

Запознајте се со Кристин Чабак

cc01

Ова е Кристин Чабак. Во 1974 година таа била дваесет и деветгодишна ТВ личност која живеела во Сарасота, Флорида. На прв поглед би си помислиле дека таа била нормална, весела млада жена.

Билтен на Сончевиот Брег

cc02

Чабак била презентерка за Санкоуст Дајџест на Канал 40 на WXLT-TV. Емисијата обработувала општествени теми и одела секој работен ден во неделата во 9 часот наутро.

Депресија

cc03

Тоа што луѓето не го знаеле за Чабак е тоа дека таа цел живот се борела со депресијата. Страдала затоа што била сама. И порано имала самоубиствени тенденции, обидувајќи се да си го одземе животот со предозирање во 1970. На своите колеги никогаш не им кажала за овие проблеми. Токму затоа, нејзините шефови во ништо не се посомневале кога таа им предложила да работи на тема во која се обработува самоубиството, само неколку недели пред да се убие. Таа посетила локален шериф за потребите на приказната и прашала кој би бил најефикасниот начин да се изврши самоубиство. Тој предложил револвер со калибар 38, наполнет со специјален вид куршуми.

15. јули 1974

cc04

Чабак своите емисии најчесто ги започнувала со интервју, но утрото на 15. јули 1974 година таа кажала дека сака да започне со читање на вести. Откако прочитала неколку новости, кажала дека последната вест ќе биде за пукање, по што посегнала по пиштолот кој го држела скриен во нејзиниот скут.

„Согласно политиката на Канал 40 да ви го пренесува најновото во крв и месо и во живо, сега ќе видите уште едно самоубиство од прва.“

Самоубиство

cc05

Чабак тогаш го вперила пиштолот зад нејзиното десно уво и испукала. Нејзиното тело паднало нанапред, а пренесувањето набргу било прекинато. Чабак била одведена во меморијалната болница на Сарасота, кадешто по четиринаесет часа починала.

Белешка

cc06

Набргу во нејзините работни белешки нашле порака во која напишала дека кој и да е тој кој ќе ги превземе нејзините вести по нејзиното самоубиство, да го прочита следното во етер:
„Водителката на ТВ 40, Кристин Чабак, се застрела себеси во живо ова утро во говорната програма на Канал 40. Итно беше однесена во меморијалната болница на Сарасота и сѐ уште е во критична состојба.“

Никаква копија од снимката

cc07

Иако настанот се случил во живо на телевизија и стотици гледачи го виделе нејзиното шокантно самоубиство, снимката засекогаш исчезнала. Иако во тоа време луѓето веќе можеле да снимаат од телевизија, се чини дека никој од гледачите не го снимил тоа, а властите набргу ги заплениле сите копии од лентата кои ги поседувала телевизиската станица.

„Кристин“

cc08

Иако оттогаш поминаа четириесет години, чудните околности во врска со нејзината смрт сѐ уште интригираат многумина. На овогодинешното издание на филмскиот фестивал Санденс беа прикажани два филма посветени на Кристин, при што во едниот, наречен „Кристин“, водителката ја игра Ребека Хол.

„Кејт ја игра Кристин“

cc09

Другиот филм се вика „Кејт ја игра Кристин“, и претставува документарен филм за актерката Кејт Лин Шејл и нејзината подготовка за улогата на Кристина Чабак.

Одбивањето на нејзиниот брат

cc10

Грег, братот на Кристин Чабак, не планира да гледа ниту еден од филмовите. „Никој не сака да знае која беше Кристина Чабак. Само сакаат да го сензационализираат тоа што се случи на крајот од нејзиниот живот. Јавното самоубиство не е извор за среќа и забава за едно семејство.“

Сподели на Facebook
пати видено