Човек од Бангладеш, наречен „Човекот-дрво“ поради огромните израстоци на кожата, неодамна бил примен во болница, во надеж дека ќе го излекува своето тешко кожно заболување. Дваесет и петгодишниот Абул Абанџар од Кулна последните седум години страда од болеста позната како Epidermodysplasia Verruciformis, многу ретко кожно заболување. Докторите во универзитетската болница во Дака ќе решаваат за идниот процес на неговото лекувања, по формирањето на специјален одбор експерти. Според американски специјалисти, заболувањето е резултат на тешка инфекција со ХПВ (човечки папилома вирус).
Познат е случајот и на друг „човек-дрво“, Деде Косвара од Индонезија, кој почна деновиве. Во 2008 година неговата приказна беше раскажана Дисковери Чанел. Во текот на програмата тој се вратил дома од болница откако му биле отстранети брадавици со вкупна тежина од шест килограми. Косвара, кој бил татко на две деца, првпат ги забележал брадавиците по една повреда на коленото, кога бил во тинејџерски години. Кога израстоците во вид на гранки покриле голем дел од неговото тело, тој бил отпуштен од работа и постојано исмеван од соседите. За да сврзе крај со крај, тој бил присилен да настапува во циркус, но по објавувањето на неговата приказна, благодарение на донациите, му бил овозможен хируршки третман.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!