Во Швајцарија ќе се организира референдум за радикалниот план на владата според кој на секоја возрасна личност и следува загарантиран приход од 2235 евра месечно.

Овој план, предложен од група интелектуалци, би можел да ја направи Швајцарија прва земја во светот која на сите свои граѓани им плаќа основен месечен приход без разлика на тоа дали работат или не. Но, оваа иницијатива не се здоби со голема популарност помеѓу политичарите од левата, како и од десната политичка опција, и покрај фактот дека референдумот по ова прашање беше одобрен од федералната влада и закажан за петти јуни.

sv01

Според предложената иницијатива, на секое дете ќе му следува по 145 франци (околу 130 евра) месечно. Околу 138 милијарди евра ќе треба да бидат собрани од даноците, додека околу 45 милијарди евра ќе бидат префрлени од социјалното осигурување и средствата за социјална помош. Групата која ја предлага оваа иницијатива, во која се вклучени уметници, писатели и интелектулци, цитираше анкета која покажува дека мнозинството на швајцарските граѓани ќе продолжат да работат и по одобрувањето на предлогот за гарантиран приход.

sv02

„Аргументот на противниците дека гарантираниот приход ќе го намали мотивот за работа кај граѓаните е побиен со мислењето на мнозинството“, изјавуваат иницијаторите. Но, третина од 1076 анкетирани од страна на Демоскопскиот Институт веруваат дека „другите ќе престанат да работат“, а повеќе од половина од анкетираните веруваат дека предлогот за гарантиран приход нема никогаш да го види светлото на денот.

Сподели на Facebook
пати видено