Од време на време се јавува по некоја вистинска медицинска мистерија која ги збунува истражувачите и ги фасцинира сите, каков што е примерот со овие примери од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.
Некои луѓе можеби би ги нарекле „накази“, но тие самите не гледале на себе на тој начин. Тоа се само обични луѓе кои се обидуваат да си го живеат животот и покрај невообичаеното здравствено нарушување.
1. Ела Харпер, позната како „Девојчето камила“. Прекарот го добила бидејќи морала да оди на сите четири.
Ела се родила со ретко ортопедско нарушување кое причинило нејзините нозе да се виткаат обратно.
За време на нејзиниот живот работела како циркуски изведувач, заработувајќи импресивни 200 долари месечно. Живеела од 1870 до 1921г.
2. Фани Милс, позната како „Девојката Големо Стапало од Охајо“
Фани имала состојба позната како Милроева болест, која предизвикала нејзините нозе да пораснат до неверојатни 43 cm должина.
3. Морис Тиле, познат како „Францускиот Ангел“
Во почетокот на дваесеттиот век Морис двапати станал шампион во тешка категорија, а во четириесеттите станал и филмска ѕвезда.
За време на адолесценцијата му била дијагностицирана акромегалија – нарушување кое предизвикува коските премногу да пораснат и да се здебелат. Со сигурност не би сакале да се соочите со него во рингот.
4. Френк Лентини, познат како „Големиот Лентини“
Френк имал целосно функционална трета нога како резултат на делумно апсорбираниот сијамски близнак. Животот го поминал како циркуски изведувач низ САД. Дури имал и жена и неколку деца.
5. Жан Либера, познат како „Човекот со две тела“
Жан имал паразитски близнак кој му бил закачен во областа на градите. Со рентгенско снимање било откриено дека близнакот дури имал и мала глава со обем од 15-тина сантиметри вградена во телото на Жан. На својот близнак тој дури му дал и име, нарекувајќи го Жак.