Двајца дилери на дрога од Гватемала биле уапсени во Њујорк во вторник, откако властите во нивните камиони нашле 45 килограми хероин вреден 14 милиони долари. Питер Омар Гарсија-Ромеро и Хозе Гваденсио Лантан-Вела биле уапсени додека кружеле низ улиците на Квинс, барајќи место за паркирање за нивните камиони. Возилата прв пат биле забележа ни околу дваесет часот, возејќи бавно и неколку пати кружејќи по улиците. И двете возила имале таблички на Северна Каролина, а едното не било регистрирано, известуваат властите.
Во 20:45, полицајците му пришле на возилото и ги притвориле возачите откако го нашле хероинот. Областа на Елмхарст била под надзор на агенти од Одделението за борба со наркотици, њујоршката полиција и Државнат полиција во времето кога како дел од тековна истрага за организациите кои дистрибуираат хероин во североисточниот регион на САД. Со оглед на габаритноста на еден од камионите, тие лесно паднале во очи, по што биле запрени и пребарани со специјално тренирани кучиња.
„Ива е едно од најголемите запленувања на дрога во историјата на Њујорк“, вели агентот Џејмс Хант.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!