Секогаш е трогателно кога ќе видиме кога некој пружа несебична поддршка на човек кој страда од сериозна болест или зараза. Седумгодишната Хана Горсегнр реши да направи нешто неверојатно, што ќе го допре срцето на секој од вас. Таа реши да си ја избричи главата како поддршка за нејзината сестра Натали, како и за сите деца кои страдаат од рак.
Еве ја Хана со нејзиниот татко пред да ги донесат ножиците.
Хана изгледа малку нервозно пред да настапи драстичната промена во нејзиниот изглед.
Ножиците работат додека гледаат нејзиниот татко и помалата сестра Натали (која изгледа малку вознемирено).
Насмевки на сите лица кога заигра машинката.
Мисијата е остварена.
Хана направи нешто многу убаво за нејзината сестра, и ова е нешто што на сите нас може да ни служи за пример дека треба да ги поддржиме луѓето кои страдаат.
„Ќе си ја избричам главата во чест на сите деца кои се борат со ракот особено за мојата сестра Натали. И НЕ МИ Е ГРИЖА дали некој ќе ми се потсмева јас сум прекрасна без оглед на сѐ!“