Минатата недела во американскиот град Фресно бил најден човек во запалена куќа кој неколку пати прободен со остар предмет. Се потврдило дека тој човек е Џон Ланг, кој често постирал на Фејсбук страницата на „Fresno People’s Media“ и кој бил познат во заедницата на активисти во Фресно. Споре неговите соседи, тој бил мирен човек кој немал непријатели, и неговото убиство е големо изненадување за сите кои го познавале.

Но, тоа е само мал дел од приказната. Џон Ланг во последно време постирал видеа на Фејсбук страницата на гореспомнатиот сајт, како и на својот Јутјуб канал, во коишто тврди дека градските власти, заедно со неговиот сосед, го демнат и дека нивната седумгодишна кампања против него ќе заврши така што ќе го убијат. На 13. јануари тој споделил кратка преписка помеѓу него и друг човек во врска со тоа зошто полицијата на Фресно сака да го убие.

Мек МекКаули – Гранит Беј, Калифорнија

Што се случило во твојот живот што би го привлекло вниманието на градската и обласната полиција кон тебе, што би направило да мислиш дека те демнат?

Мек МекКаули, јас едноставно го изразувам своето мислење за локалните власти и политиката на локални блогови. Исто така, дознав дека локалните сили на законот прават измами со скенирање на регистарските таблички при што полицајците на Фресно ги скенираат регистарските на паркинзите пред маркетите во сиромашните соседства. Откако ќе собереле индиказии за прекршоци, ќе ги запреле возачите неколку блокови подалеку, како божем во рутинска контрола. Мотивот за оваа неетичка и веројатно незаконска постапка е профит, при што неправедно како цел се земаат посиромашните граѓани на Фресно.

Исто така, открив дека „Фресно Би“ (локален весник и веб-страница) со полицијата споделува податоци од чатовите на граѓаните на Фресно кои се критички настроени кон локалните власти и полиција. Полицијата потоа ги употреби ај пи адресите во чатовите, кои им ги обезбеди „Фресно Би“ за да ги лоцира, демне и малтретира тие блогери кои ги критикуваат локалните политичари и локалните сили на законот. Оттогаш сум постојано нивна цел на демнење, малтретирање и заплашаување. Тие дури се обидоа да ми наместат лажни докази во мојот дом. Упатив барање за истрага за злоупотреба на овластувањата, и изгледа тоа ги разгневи уште повеќе. Тие едноставно се обидуваат да ме уништат на секој можен начин. Јас сум во постојан страв за мојот живот. Како што Кевин Ериел, фејсбук псевдоним на познат локален полицаец неодамна толку речито постираше на мојата Фејсбук страница: „Првото правило на боречкиот клуб е дека не се зборува за боречкиот клуб. Би требало да го знаеш ова, г-не Ланг! ;D“…

Следниот ден, постовите на Џон станале уште поалармантни, велејќи дека ако нешто му се случи во следните ден, два, тоа ќе биде резултат на полицијата на Фресно, неговиот сосед и негов колега.

ln02

Ден потоа, на 14. јануари, се обидел да исконтактира со репортерката Корин Хогард, тврдејќи дека полицијата на Фресно ќе се обиде да го убие во следните неколку денови.

На 16. јануари постирал видео со луѓе за кои верувал дека се непосредна закана за него.

„Ако утре исчезнам или завршам мртов, запомнете го ова комбе. Мислам дека видов неколку луѓе како се прикрадуваат од страничната врата и во зградата кога беше паркирано на паркингот ова попладне. На градот Фресно му предизвикував многу проблеми во последно време, за што сега жалам.“

Исто така, на Фејсбук побарал луѓе да преноќат кај него, вооружени, за да го заштитат од „лошите луѓе“ во комбето.

ln03

 

На 17. јануари упатил отворено писмо до Министерството за правда и ФБИ, во кое наведува неколку примери дека го малтретираат и заплашуваат, дека се обидуваат да го наместат за детска порногграфија. На 20. јануари бил мртов. Дали се работи за трагична несреќа во која загинал параноичен човек, или навистина се работи за заговор – тоа сега за сега е предмет на дебата на локалните блогови и веб страници.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено