Човек од Детроит загинал откако излетал низ сончевиот покрив на својот автомобил додека возел со свлечени гаќи, мастурбирајќи на порно филм кој го гледал на својот мобилен телефон. Педесет и осумгодишниот Клифорд Реј Џонс загинал на место кога неговиот автомобил се превртел во раните утрински часови во недела наутро. Покрај тоа што не носел панталони, се верува дека не бил врзан ни со заштитниот појас, што исто така придонело да загине на таков начин.
Поручникот Мајк Шо од државната полиција на Мичиген вели дека овој инцидент е меѓу најчудните со кои се сретнал во целата негова досегашна кариера. Тој вели: „Гледаме луѓе да ставаат шминка, гледаме да прават најразлични нешта поврзани со хигиената, да читаат книги додека возат…Фајт е дека има толку многу технологија, што луѓето повеќе обрнуваат внимание на тоа што го прават додека возат наместо да внимаваат како ги возат своите автомобили.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!