Во 2015 година беше завршен кружниот мост кој се протега преку лагуната Гарзон, помеѓу градовите Роча и Малдонадо, на јужниот брег на Уругвај. Мостот е дизајниран од Рафаел Вињоли, и за неговата изградба биле потребни дванаесет месеци. Мостот ќе ги замени традиционалните траекти, а во исто време ќе им овозможи на возачите да уживаат во прекрасната глетка.
„Концептот на Пуенте Лагуна Гарзон беше да се трансформира традиционалното преминување со возило во настан кој ја намалува брзината на автомобилите, и претставува можност да уживате во панорамските глетки на овој прекрасен пејсаж, а во исто време да се создаде пешачки простор во средината“, вели Вињоли.