Со неколку чудни исклучоци, луѓето го сакаат сексот. Сексот продава, луѓето сакаат да го гледат, а уште повеќе да го имаат. Тоа е затоа што сексот прави да се чувствуваме добро, а според науката, причината за тоа добро чувство е многу подлабока. Имено, научно е докажано дека сексот може да помогне и да спречи некои заболувања. Еве како.

8. Сексот е одлично средство за намалување на болка

sx01

Одлични вести, момци! Ви текнува кога жените често го користат изговорот дека ги боли глава за да избегнат секс? Ееее, според научниците, овој изговор не им држи вода, не….Според науката, сексот всушност е одлично средство за ублажување на болката. Поточно кажано, оргазмите ја блокираат болката, бидејќи хормоните кои се лачат при сексуалниот одност се однесуваат како блокатори и олеснувачи на болка. И не станува збор само за главоболките; сексот може да помогне и при болки во грбот и нозете, а малку акција помага и при артритис. Затоа, дами, не испуштајте ја можноста за најприродниот лек против главоболка!

7. Сексот го намалува крвниот притисок

sx02

Многу луѓе страдаат од висок крвен притисок, но според науката, лесен и забавен начин да го снижите вашиот непослушен притисок е да се впуштите во сексуален однос. Да истакнеме, зборуваме за секс, не за мастурбација. Имено, науката вели дека вагиналниот секс е неверојатно добар начин за намалување на крвниот притисок, што се должи на лачењето на окситоцин во телото, хормон кој го намалува стресот.

6, Сексот може да спречи рак на простатата

Middle-Aged Couple Lying on Bed Laughing

Едно од нештата што најмногу ги плашат мажите кога се во поодмината возраст. За среќа, постои начин да го намалите ризикот за заболување од подмолната болест, така што ќе вложите во иднината на ист начин како што мислите на вашата идна пензија – имајте повеќе секс. Ова ви го советува ни повеќе ни помалку туку Националниот институт за рак на САД, кој вели, колку повеќе оргазми има мажот, толку е помал ризикот за заболување од рак на простатата. И тука не се мисли само на сексуалниот односи, туку на секаков вид оргазам, секс, мастурбација, влажни сништа. Честите оргазми можат да го намалат ризикот за цели триесет отсто.

5. Сексот е одлична вежба

sx04

Е сега, не секој секс е одлична вежба, се разбира, сепак зависи од тоа колку сте инвентивни во позите и колку вашата партнерка или партнер се волни да пробаат, но сексот може да биде неверојатно добра кардиоваскуларна вежба. Дури и најздодевните пози согоруваат многу калории, при што докторите тврдат дека 100 калории горат како ништо во секс набрзина. Експериментите докажале дека сексот може да се вброи во „умерени вежби“ кои согоруваат половина од калориите кои се согороуваат при трчање. Е добро, но кој е поинтересниот начин на потење?

4. Сексот ја поттикнува циркулацијата

sx05

Сексот го поттикнува крвотокот кај мажите и кај жените, при што се произведува свежа крв која ги обновува и прочистува вашите органи, правејќи ве поживи и полни со елан, и прави да изгледате помлади.

3. Сексот ја подобрува контролата на мочниот меур

sx06

Ова особено важи за читателките – верувале или не, сексот ја подобрува функцијата и контролата на мочниот меур кај жените. Ова според докторите се должи на раздвижувањето на карлицата, а како што можете да погодите, сексот особено добро го раздвижува овој дел на телото. Па така, ако морате да станувате среде ноќ за да одите во тоалет, нарушувајќи си го сонот, пробајте го овој природен лек.

2. Сексот прави чуда за вашиот имунитетски систем

sx07

Сите знаеме дека за да не се разболуваме, треба правилно да се храниме, добро да се одмораме и да земаме големи дози на витамин С. Но, уште подобар начин да го поттикнете вашиот имунитетски систем е да имате секс. Поради само нему познати причини, сексот произведува антитела кои го штитат вашето тело од вируси и истражувањата покажуваат дека дури и еднаш неделно е доволно да ве направи многу поздрави. Значи, во основа велиме дека сексот е најдобра превентива против настинка, каков андол, какви лимони…

1. Сексот може да спречи срцев удар

sx08

Кога ќе навршите определена возраст, започнувате да се грижите за срцеви удари. Едноставно така одат работите, бидејќи срцевите нарушувања, болести и удари се едни од најчестите убијци и кај мажите и кај жените. Еден од најдобрите начини да се превенира, или барем да се намали ризикот од срцев удар е да се впуштате во сексуални односи, колку што можете повеќе. Всушност, барем два пати неделно двојно го намалува ризикот од инфаркт.

И на крај, секако – водете сметка да имате безбеден секс, бидејќи нели знаете како вели старата народна поговорка – многу арно не е на арно!

 

Сподели на Facebook
пати видено