Тајната во успешноста на месојадното растение лежи во неговата способност да изброи колку пати било допрено. Едно од најневообичаените, а сепак најпрепознатливите растенија во светот – Венерината муволовка, е примерок со чуден изглед кое има способност да го фати во својата челуст секој инсект кој ќе го намами. Но, како растението знае точно кога да ја затвори стапицата и да почне да го дигестира тоа што е внатре со години било предмет за дебата. Но, сега научниците кои вршат ново истражување сметаат дека тајната во успешноста на растението лежи во неговата неверојатна способност да брои.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Да затвори една од своите стапици и да започне лачење на дигестивни ензими на растението може да му одземе многу енергија и нешто што може лошо да се одрази на него доколку не е сигурно дека од тоа ќе добие оброк. За да го избегне непотребното затворање на стапицата, растението ги брои дразбите на влакненцата во стапицата, пред да се реши да започне со процедурата. Уште поинтересен е фактот дека растението дури може да определи колку голем е инсектот и според тоа почнува да лачи соодветно количество дигестивни ензими за да се заврши работата колку што е можно поефикасно.

Сподели на Facebook
пати видено