Отишле двајца македонски комити за време на турско да заработат пари на Дивиот Запад. Гледаат една оглас – За секој скалп на Индијанец – награда 1000 долари!
„Ова е само за нас“, си рекле комитите. Купиле два коња и тргнале во преријата.
Кога се пристемнило до една река виделе еден Индијанец, го фатиле и го скалпирале.
„1000 долари за денес, доволно е“, си рекле и си поставиле шатор за да преспијат.
Во текот на ноќта едниот станал, излегол од шаторот и што да види… Од сите страни биле опколени со Индијанци. Влегол внатре во шаторот, тивко и го поттурнал заспаниот и му рекол:
– Брат, станувај, станавме милионери!