На нашата галаксија ѝ доаѓа во пресрет епска војна со галаксијата Андромеда, којашто во моментот ита кон нас со брзина од 400.000 километри на час. Астрономите проценуваат дека по 3.75 милијарди години, Земјата ќе се соочи со еден од најголемите галактички настани во историјата на нашата планета, кога овие две џиновски галаксии ќе се судрат. За среќа, експертите мислат дека Земјата ќе преживее, но нема да помине без никакви последици. Судирот ќе се случи пред нашите очи, менувајќи го небото и правејќи го да изгледа какво што човечкото око никогаш порано не го видело. Придружете ни се на патувањето во иднината да видите како ќе изгледа тоа:
Далеку од градските светла, еве како денес изгледа небото над Земјата. За време на определени периоди од годината, може да се види галаксијата Андромеда, заокружена на сликата подолу.
Во овој миг, Андромеда е на 2.5 милиони светлосни години оддалеченост. Кога за нешто помалку од 4 милијарди години ќе се судри со нашата галаксија, ќе влезе во катаклизмична верига која ќе трае милијарди години, која ќе ја раскине и неа и Млечниот Пат, при што ќе се формира нова галаксија.
Токму во моментот пред судирот со Андромеда, Земјаните ќе имаат прилика да видат прекрасна глетка. На сликата е илустрирана Андромеда додека му приоѓа на Млечниот Пат, како последица на взаемно гравитационо привлекување.
250 милиони години по судирот, ќе остане само еден вид скелет од тоа што некогаш биле две независни галаксии.
Но, сѐ уште нема да биде сѐ готово. Битката ќе продолжи уште милијарди години сѐ додека огромните црни дупки во центарот на секоја од галаксиите не се доближат доволно за да се спојат.
По шест милијарди години космички масакр, ноќното небо на Земјата ќе биде осветлено од новото јадро на елипсовидната галаксија – тоа под услов Земјата сѐ уште да постои, што е малку веројатно, бидејќи се очекува сонцето да ја проголта нашата планета по околу пет милијарди години.
Бидејќи за целосното спојување на две галаксии се потребни милијарди години, астрономите го пребаруваат небото во потрага по слични настани во различни фази. Подолу следува пример за спојување на две елиптични галаксии во рана фаза, фотографирано од Хабл во 2009 година.
Ова се други две галаксии, при што едната е растегната и искривена од гравитацијата на другата галаксија.
Можете да видите како тоа би изгледало во движење, прикажано на СајенсТВ: