Наоѓањето на убав и значаен подарок понекогаш може да биде тешко. Иако примателот на подарокот секогаш го цени тоа, има нешто студено во тоа на некого едноставно да му дадете кутија со што и да е. Затоа овој човек се решил на малку покреативен начин, а и подароците направени со сопствена рака најчесто значат најмногу. Имено, тој на својата девојка ѝ направил оригинален дигитален часовник и држач за Ајфон. Погледнете како го направил тоа.

1. За почеток, тој нашол тенко парче дрво и за на хартија направил образец за часовникот. Потоа со помош на образецот ги направил потребните дупки во дрвото.

hb01

2. Потоа тоа парче дрво го залепил со други, правејќи дрвена кутија со отворен заден дел.

hb02

3. Потоа во направените дупки ги ставил LED диодите.

hb03

4. Залемувањето на негативните краеви на диодите му одзело најмногу време.

hb04

5. Потога ги поврзал со Ардуино уред за програмирање, кој ги прави промените во активирањето на LED диодите по определен редослед.

hb05

6. Со помош на уредот, тој ги програмирал диодите во кругот да ги покажуваат часовите, а бројките да ги прикажуваат минутите.

hb06

7. Конечниот прозвед изгледа супер, зар не? Часовникот го искомбинирал со држач за телефон кој го направил претходно.

hb07

Сподели на Facebook
пати видено