Во почетокот на август 1929г. младиот Дали ја сретнал својата идна сопруга и муза Гала. Нивната врска стана клучна за неверојатниот успех на уметникот, влиаејќи на целото негово творештво кое следувало, вклучувајќи ја и сликата „Доследноста на сеќавањато“.
1. Витливите часовници – симбол на нелинеарното, субјективно време, кое тече произволно и нерамномерно го исполнува пространтвото. Трите часовници на сликата ги претставуваат минатото, сегашноста и иднината. „Вие ме прашавте – му напишал Дали на физичарот Илја Пригожин – дали мислев на Ајнштајн кога ги сликав витливите часовници (имајќи ја предвид теоријата на релативитетот). Мојот одговор е негативен, бидејќи односот на просторот и времето уште одамна ми стана апсолутно очигледен, така што оваа слика за мене не претставува ништо особено, туку беше како и секоја друга. Кон ова би можел да додадам дека многу мисев на Хераклит (старогрчки философ, кој верувал дека времето се мери со помош на мислите). Тоа е вистинската причина поради која мојата слика е наречена `Доследноста на сеќавањето`. Сеќавање за взаимноста помеѓу пространството и времето.“
Салвадор Дали и Гала во Кадакеса, 1930г.
Историја на создавањето на сликата
Велат дека Дали не бил при себе. Да, тој страдал од параноичен синдром. Но без тоа не би постоел Дали како уметник. Во него се манифестирал во блага форма, во вид на сновиденија кои уметникот ги пресликувал на платното. Мислите кои го посетувале Дали за време на сликањето секогаш биле чудни (не залудно се заинтересирал за психоанализата) и како основен пример за тоа е – историјата на раѓањето на едно од неговите најзнаменити дела – „Доследноста на сеќавањето“(изложена во Музејот на современа уметност, Њујорк).
Делото настанало во Париз, 1931г. кога Дали се подготвувал за лична изложба. Водејќи ја својата жена Гала заедно со другарите на кино, „јас – пишува Дали спомнувајќи си – се вратив кон масата (само што ја завршивме вечерата со отмен камамбер) и потонав во мисли за растопената маса. Пред мојот умствен вид се појави сирење. Јас станав и, како и обично, се упатив кон ателјето, загледувајќи се пред спиење во сликата која ја насликав. Тоа беше пејзаш на Порт Лигат во прозрачно-тажно светло на зајдисонце – гол костур на маслина со скршени ветки.
Почувствував дека во оваа слика можам да создадам атмосфера согласна на нешто многу значајно – но на што? Немам ни најмала претстава. Ми требаше прекрасна композиција, но неа не ја наоѓав. Тргнав да го вклучам светлото и кога излегов, буквално го видов решението: два меки часовници жално висат на гранки од маслина. И покрај мигрената, ја подготвив палетата и се фатив за работа. За два часа, додека да се врати Гала, мојата најпозната слика беше завршена.
2. Нејасниот предмет со рески во вид на трепки. Тоа е автопортрет на Дали додека спие. Мирот на сликата – тоа е неговиот сон, смрт на објективниот свет, торжество на потсвесното. „Взаимноста помеѓу сонот, љубовта и смртта е очигледна – пишува уметникот во својата автобиографија. – Сонот е и смрт или во најмала рака исклучување од реалноста, или уште подобро кажано, тоа е смрт на самата реалност, која исто така умира и за време на љубовниот чин“. Според Дали, сонот го ослободува потсвесното, поради тоа и главата на уметникот се разлева како внатрешноста на школка – тоа ја покажува неговата беспомошност. „Само Гала – ќе каже тој по смртта на неговата сопруга – знаејќи за мојата беспомошност и незаштитеност, ја криеше мојата аскетска мекост во оклоп на рак, и на тој начин ја спасуваше.
3. Цврстиот часовник – лежи од лево со бројчаникот свртен надолу – симбол на објективното време.
4. Мравки – симбол на гниењето и разложувањето. Според зборовите на Нина Геташвили, професор на Руската академија за сликарство, вајарство и архитектура, „впечатокот од детството на видениот ранет лилјак нападнат од мравки за цел живот го врежало присуството на овој инсект во неговото сликарство. („Јас носталгично сакав да си спомнам за таа случка која всушност и не се случи“ – ќе напише уметникот во „Тајниот живот на Салвадор Дали, раскажано од него самиот“) На часовникот влево, единствениот кој ја зачувал неговата цврстина, мравките исто така создаваат и јасна кружна структура која се потчинува на поделеноста на хрономерот. Сепак ова не го отстранува чувството дека присуството на мравките е знак на распаѓање. Според зборовите на Дали, линеарното време се јаде самото себеси.
5. Мува. Според Нина Геташвили, „уметникот ги именува Медитерански самовили. Во „Дневникот на еден гениј“ Дали напишал: „Тие им донесувале вдахновение на грчките философи, кои животот го минувале под сонцето, облепени со муви.“
6. Маслина. За уметникот тоа е симбол на античката мудрост која, за жал, веќе потонала во заборав (затоа дрвото е претставено исушено).
7. `Рт Краус. Тоа е нос на каталонското крајбрежје на Средоземното море во близина на градот Фигерас, кадешто е роден Дали. Уметникот често го сликал на неговите слики. „Ете – напишал тој – во гранитната карпа е отелотворен најважниот принцип на мојата теорија за параноичните метаморфози (прелевање на една илузија во друга). Оваа крутост, родена во експлозијата на облакот во сите негови безбројни хипостази, сѐ понови и понови – е само една мала промена во аголот на гледната точка.
8. Морето за Дали ја симболизира бесмртноста и вечноста. За уметникот идеално пространство за патување е кадешто времето тече не со објективна брзина, туку во согласност со внатрешните ритми на патникот.
9. Јајце. Како што смета Нина Геташвили, Светското јајце во творештвото на Дали го симболизира животот. Таа претстава уметникот ја позајмил од орфиците – старогрчки мистици. Според орфичката митологија, од Светското јајце се родило првото двополово божество Фанес, кое ги создало луѓето, а од двете половини на јајцето се образуваат небото и земјата.
10. Огледало, лежи хоризонтално од левата страна. Тоа е симбол на променливоста и непостојаноста, послушно одразувајќи го како субјективниот, така и објективниот свет.
Салвадор Дали
1904 – Се родил во семејство на нотар
1922 – Се запишал на Кралската академија на уметности Сан Фернандо
1926 – Се оддава на надреализам („Вилијам Тел“, 1930)
1940 – Навлегува во „параноичен академизам“ („Искушение на св. Антониј“, 1946)
1989 – Умира од инфаркт.