Секој возач знае дека без разлика каков вид на автомобил возите, зимата си го прави своето; помала ефикасност на горивото, помал притисок на гумите и замрзнати бришачи. Можеби не знаете дека…

Автомобилите кои се целосно на електричен погон зиме страдаат многу повеќе – особено во поглед на ефикасноста на горивото – во споредба со бензинските и дизел возилата. Но, постои начин да се продолжи животот на батеријата за време на студените денови.

kola

Првин да ги споредиме бројките:

Кога температурите ќе паднат под -6 степени целзиусови, ефикасноста на горивото кај конвенционалните бензински возила опаѓа за 12 отсто, додека кај хибридните возила таа паѓа дури до 34 отсто, но тоа не е ништо во споредба со ефектите кои температурата ги има врз перформансот на електричните автомобили, коишто на едно полнење минуваат 57 отсто помала километража на постојана температура од -6 степени. Во просек, на температура од 20 степени целзиусови, електричните батерии овозможуваат километража од 168 километри, но на температура од -6 степени, електричниот автомобил може да помине само 70 километри.

Причината за овие лоши бројки е во тоа што батериите едноставно не функционираат толку ефикасно на студено. Но друг голем проблем би можел да биде загревањето на внатрешноста на автомобилот. Парното греење цеди големи количества енергија од батериите.

„Електричните возила не можат да го искористат вишокот енергија за загревање на кабината како што тоа го можат конвенционалните возила со внатрешно согорување“. вели Хенинг Лпхсе Буш, директор за истражување на возилата при Аргонската национална лабораторија за истражување на транспортот.

За среќа, има подобар начин да се спречи празнењето на батериите во студот и да се продолжи досегот на автомобилот, така што ќе го приклучите на полнење веднаш пред возењето. На тој начин земате енергија директно од мрежата, а не од батериите, за да го загреете автомобилот.

Покрај тоа, овој пристап можете да го употребите далечински, од удобноста на вашиот дом или канцеларија, често употребувајќи апликација на паметен телефон.

Се чини дека иднината пристигнува со брзи чекори.

Сподели на Facebook
пати видено