Вечните симболи на дрвените времиња се сѐ уште толку моќни и интригантни. Кои се овие симболи, за што ги употребувале древните цивилизации, какво е нивното значење и како се одразило врз древните култури низ целиот свет? Прочитајте во редовите кои следуваат.

1. Древните долмени

dl01

Постоењето на долмени во различни краишта на светот, како и нивната цел, останува мистерија до денес. Долмен е вид на мегалитска гробница со една просторија. Изненадување е тоа што долмени можат да се најдат во Шпанија, Германија, Франција, но исто така и во Јордан, Кореја и Индија.

2. Пирамидите

dl02

Никој не ја знае вистинската намена и причина за изградбата на пирамидите. Тие не биле градени само во Египет, како што повеќето луѓе мислат, туку можат да се најдат насекаде во светот. Иако експертите веруваат дека биле употребувани како гробници, не сите се согласуваат со ова.

3. Кукастиот крст (свастика)

dl03

Луѓето го поврзуваат овој симбол со нацистите и нивните брутални злодела. Но, повеќето луѓе не знаат дека свастиката била симбол за моќ во древните времиња, и била употребувана од страна на сите древни култури во Европа.

4. Спиралниот мотив

dl04

Овој симбол е многу чест кај древните народи, симболизирајќи растеж и развој. Исто така ја претставува божицата, утробата, плодноста и животната сила. Спиралата до ден денес останала свет симбол кој не потсетува на нашето еволутивно патешествие низ животот.

5. Мотивот на дланката

dl05

Кога станува збор за карпестата уметност, најчест мотив насекаде низ светот се дланките. Тие се претставени во најразлични стилови и најразлични методи, најчесто со прецртување на дланката. Дури и ден денес децата често го прават ова. Форма на уметност на која сите ѝ се восхитуваат.

6. Древни метални стеги

dl06

Употребата на метални стеги била често застапена насекаде низ светот. Според некои научници, нивната употреба била ритуална, додека други сметаат дека тие биле употребувани едноставно со цел да спојат големи камени блокови. Но, дали некогаш сте се запрашале како е можно сосема истата техника да била употребувана во различни краишта на светот, во култури кои немале никакви допирни точки помеѓу себе? Истражувачите сѐ уште се обидуваат да го објаснат тој феномен.

7. Конусовидниот симбол налик на ананас

 

dl07

Тоа е симбол на крајната духовна просветленост употребуван од страна на бројни култури во древната уметност и архитектура, и го симболизира „третото око“ коешто секој го има. Значењето на овој симбол било познато во Индонезија, Вавилон, Грција, Рим и други цивилизации.

8. Фигури кои го плазат јазикот

dl09

Уште еден често среќаван елемент низ целиот свет се фигурите кои го плазат својот јазик. Додека кај некои се смета како знак на почит, кај други овој знак симболзира сила и застрашување на непријателот.

9. Сфинга

 

dl10

Според традицијата на античка Грција, Сфингата имала човечка глава, тело на лав и крилја на птица. За Грците таа била жена, но за Египќаните Сфингата била маж. Ова мистериозно суштество коешто се сметало за моќен чувар може да се сретне во најразлични краишта на светот.

10. Фигури на свештеници

 

dl11

Фигури на свештеници се среќаваат на древните споменици низ целиот свет. Ова одразува колку значајна била нивната улога во старите општества. Нивните фигури симболизираат моќ и мудрост, и можат да се сретнат од Индија до Мексико.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено