Со нивните раце цврсто врзани, сите овие луѓе биле или бесмилосно претепани до смрт, или прободени со остри предмети, за на крајот нивните тела да бидат оставени во лагуна во Кенија. Ова е ужасна сцена на праисториски масакр кој ставил крај на животите на дваесет и седум мажи, деца, па дури и жени во поодмината бременост, настан кој се случил пред 10.000 години. Експертите веруваат дека луѓето биле збришани од ривали ловци-собирачи, коишто ги избоделе своите жртви и им ги смачкале главите, колената и екстремитетите со тојаги.

mu01

Археолошките наоди сугерираат дека во предисторијата се воделе жестоки и крвави војни за територија и храна. До ова откритие, многу експерти веруваа дека војувањето се појавило пред околу 6000 години. Археолозите нишле на грозоморната сцена на брегот во праисториска лагуна во Натарук, на 30 километри југозападно од езерото Туркана во Кенија, наоѓајќи ги останките помеѓу кои имало и осум жени и шест деца, оставени на местото кадешто биле убиени. Дванаесет од скелетите биле речиси целосни, додека десет од нив покажувале знаци на ужаси рани. Неколку биле најдени со лицето надолу, а повеќето имале тешки скршеници по лицето и главите, додека најмалку пет имале траги од убодни рани врз нивните коски. Двајца од мажите имале камени сечила забиени во нивните черепи и градниот кош, а многу од нив биле тепани толку жестоко што коските на нивните раце, колена и ребра биле здробени.

mu02

mu03 mu04

Четири од костурите биле најдени во чудно седната положба, што сугерира дека рацете им биле врзани, вклучувајќи и една жена којашто била во поодмината бременост. Се верува дека кога бремената жена била убиена, носела фетус стар шест до девет месеци. Коските на нејзиниот нероден фетус, кој умрел при нападот, биле најдени измешани со коските на неговата мајка. Пред да ја убијат, ѝ ги врзале рацете и ѝ ги скршиле колената.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA mu06 mu07

Судејќи според фактот дека на некои им биле врзани рацете, се претпоставува дека напаѓачите првин ги убиле мажите во групата, а потоа ги врзале и убиле жените и децата. Многу од телата паднале во водата во лагуната, кадешто биле фосилизирани и зачувани во седиментот. Оружјето кое било користено се состоело од тојаги и копја или стрели со врв од обсидијан.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено