Убедени сте дека имате силно чувство за логика и се потпирате целосно на вашиот здрав разум? Тогаш би можеле да се тестирате со овој нов квиз, дело на квиз мајсторот Том Данбар од Плимут, Велика Британија. За да го поминете тестот, треба да одговорите едноставно на прашањата и да не размислувате премногу“, вели тој. Па, ќе можете ли да одговорите точно на сите овие кратки прашања? Бидете искрени во коментарите.

prasanja

Прво прашање: Додека истурало дожд, еден човек излегол надвор без никаква заштита, а сепак не му се намокрило ниту едно влакно на косата. Како може тоа?

Второ прашање: Таткото на Џон има пет сина кои се викаат Алан, Блан, Влан и Глан (имињата се чудни, но ги именувал според азбучен редослед). Какво име му дал на неговиот петти син?

Трето прашање: Такси возач оди по еднонасочна улица во погрешен правец, поминува покрај дванаесет полицајци, а тие не го апсат. Зошто?

Четврто прашање: Фудбалер од Австралија ја удира топката, таа оди четири метри и му се враќа назад. Како е можно тоа?

Петто прашање: Колку книги просечно можете да ставите во празен ранец?

Доколку се откажувате, кликнете на втората страна за да ги видите точните одговори.

Сподели на Facebook
пати видено