Семејство на пензионерка од Аргентина тврди дека таа е најстарата жива жена во светот, којашто се подготвува да го прослави својот 119-ти роденден. Според нејзината лична карта и изводот од матичната книга, Селина дел Кармен Олеа се родила на 15. февруари 1897 година. Живеејќи во сиромашен кварт во Буенос Аирес, таа својата долговечност ја припишува на непушењето, на тоа што секаде оди пеш, напорната работа, и најважно од сѐ – исполнувањето на животот со љубов.

st01

st02

А љубовта во никој случај не може да ѝ се оспори на Селина, бидејќи родила дванаесет деца и во текот на годините посвоила уште многу други деца. Таа не знае колку внуци, правнуци, праправнуци и прапраправнуци има таа, бидејќи одамна престанала да ги брои, а и не можете да ѝ замерите. Некои од нејзините деца завршиле училиште, додека други работат на семејната живинарска фарма во руралната провинција Тукуман.

  st03

Родена на фарма, три години пред почетокот на 20-от век, Селина имала седумнаесет години кога започнала Првата светска војна, се преселила во Буенос Аирес во 1960-те со нејзиниот сопруг Хозе Иносенсио Сеговио, кој умрел набргу по преселувањето. Последниот пат кога Селина била заедно со целото свое семејство бил минатиот февруари, за нејзиниот 118-ти роденден. Сега живее мирен живот во нејзиниот дом во Буенос Аирес, заедно со нејзиниот син Алберто, а една од нејзините посвоени ќерки, Гладис, живее во близина.
И покрај нејзините години, Селина, којашто се движи со помош на инвалидска количка, е во неверојатно добро здравје за нејзините години и не прима никакви лекарства, освен кремот против цистите околу нејзините очи.

st04

Пред една недела властите во Бразил објавија неверојатно тврдење дека нашле човек стар 131 година, по рутинската проверка дали е жив и според тоа дали му следува пензијата. Јавните службеници постирале слика на Жоао Куелјо де Соуза, како и неговиот извод од матичната книга на родените, во кој стои дека се родил во градот Меруока на 10. март, 1884 година. Бразилските медиуми јавуваат дека Жоао живее со неговата жена, којашто е шеесет и девет години помлада од него, и со неговите три деца. Неговата ќерка Сирлен Суза има само триесет години, што би значело дека кога таа се родила, Жоао имал сто и една година.

st05 st06

Сподели на Facebook
пати видено