Леонардо Ди Каприо едвај може да се препознае под слоевите шминка потребни за неговиот последен филм „Повратник.“ Ди Каприо го игра Хју Глас, историска личност, кој предводел експедиција за трговија со кожа и крзно, за на крајот да заврши како жртва на дивјачки напад.

Уметникот за шминка, Данкан Жармен, пет часа стрпливо ги доловувал раните на Глас, за ефектот да биде колку што е можно пореалистичен, а како што се гледа на сликата, целта е постигната. Ди Каприо неодамна освои Златен Глобус за најдобар актер за неговото портретирање на Хју Глас, а филмот доби дванаесет номинации за Оскар.

gl01

Сподели на Facebook
пати видено