Иако во целост не биле видени сѐ до дваесеттите години од минатиот век, но овие големи кругови формирани од камења постоеле илјадници години. Штом патувањето со авион станало повеќе застапено, пилотите и обичните патници започнале да ги забележуваат во целост.
Прикладно наречени „Големи кругови“ од страна на археолозите, нивниот дијаметар изнесува стотици метри. Толку се големи што не можете да ги забележите освен ако не сте на соодветна височина. И покрај тоа што се откриени во разни земји на Блискиот Исток, се верува дека големите кругови се изградени сите со иста цел. Но таа цел сега за сега останува мистерија.
Еве како круговите изгледаат од близу
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.