Можеби веќе претпоставувате како би изгледала средбата со психопат, но замислете си да живеете со некој таков. Џемс Фалон, невролог во медицинското училиште Ирвин при Универзитетот на Калифорнија, случајно дознал дека тој е психопат, додека ги проучувал скеновите на мозоците на криминалци психопати, и увидел дека и неговиот мозок бил морничаво сличен на нивните.

Фалон подоцна дознал и други вознемирувачки нешта за себе: не само што поседувал извесни гени поврзани со психопатијата, туку во своето семејство имал и десеттина убијци, меѓу кои озлоглаената Лизи Борден. Кога зборувате со Фалон, тој изгледа како сосема нормален, пријатен човек. Но, како би изгледало да живеете со него?

Бо 2013 година, Би-Би-Си направиле интервју со Фалон и неговото семејство во емисијата наречена „Мозокот на убиецот: Дали сте зли или добри?“, во којашто е насликан портрет на неговата личност. Сопругата на Фалон, оојашто одбила да биде интервјуирана за емисијата, признава дека не била многу шокирана кога нејзиниот сопруг дознал дека има некои невролошки и генетси црти поврзани со психопатското однесување.

ps

„Беше изненадување, но не толку големо изненадување, бидејќи тој на некој начин навистина како да се составен од две различни личности“, вели Дајен Фалон. „Од една страна го имате овој човек кој е смешен и дружељубив човек, но од друга страна, отсекогаш ја имал таа воздржана црга.“

Џејмс, синот на Фалон, го мисли истото како и неговата мајка.

„Знаев дека секогаш имаше нешто чудно кај него“, вели Џејмс. „Сега има логика“.

И покрај сево ова, не треба да се избрзува со заклучоци за луѓето како Фалон. Како прво, имањето на психопатски црти не значи дека пред себе задолжително имате лоша личност, вели Фалон, со чијашто личност не управуваат само гените или хемијата во мозокот.

Психопатите не секогаш се криминалци

Во интервјуата Фалон открива дека тој навистина носи некои карактерни црти на психопат, како недостатокот на емоционална чувствителност кон другите. Во неговото интервју за Би-Би-Си, Фалон признава дека веројатно би можел да избегне погреб на член од семејството за да појде на забава или да прави нешто позабавно наместо тоа. Но, Фалон со сигурност не е криминалец – факт кој тој го припишува на позитивната средина во којашто израснал. Според истражувањата, луѓето кои поседуваат такви гени, а коишто подоцна израснале во криминалци, своето антисоцијално однесување најчесто го развиваат како последица на малтретирање во детството.

Всушност, психопатијата е изненадувачки честа појава во населението, при што се проценува дека се 0.2 до 3 отсто од вкупното светско население. Па така, има големи изгледи дека некогаш сте сретнале психопат, а можеби и вие живеете со некој таков.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено