Се верува дека човечки предизвиканото глобално затоплување го одложило следното ледено доба за десетици илјади години. Во последните неколку милиони години нашата планета издржала повеќе ледени периоди, а за време на последниот големи делови од северната хемисфера биле закопани под глечери, и завршил пред само 12.000 години. Ледените доба се појавуваат кога количеството а сончево зрачење кое ја погодува нашата планета достигне минимум – нешто што се случувва секогаш кога ќе се промени орбитата на Земјата околу сонцето.

ld

Всушност, токму сега се целосно исполнети условите за започнување на нов период на замрзнување, доколку јаглеродните емисии не ги зголемуваа постојано глобалните температури.

„Сега се наоѓаме во период кога северниот дел од Земјината топка се наоѓа најдалеку од сонцето“, вели д-р Андри Ганополски од Постдамскиот нститут за изтражување на климатските влијанија. „Во нормални околности, интерглацијалниот период би бил завршен и би започнало ново ледено доба. Така, од астрономска гледна точка, ние совршено ги исполнуваме условите за тоа.“

Наместо тоа, сметаат научниците, најверојатно ќе останеме во топлиот период и во следните илјадници години.

„Теоретски гледано, следното ледено доба би можело да биде уште подалеку во иднината, но нема практична важност да се дискутира дали тоа ќе започне по 50.000 или по 100.000 години“, вели Ганополски. „Тоа што е важно е дека ова е илустрација за тоа дека сега поседуваме геолошка моќ во нашите раце. Можеме да ја промениме природната последователност на настаните со десетици илјади години.“

Сподели на Facebook
пати видено