Минатата година луѓето заинтересирани за паранормалното беа маѓепсани од насловите за Шпанија. Неколку седмици по ред од небото паѓаа мистериозни метални топки, завршувајќи во живописната шпанска внатрешност. На нивно разочарување, иследниците заклучиле дека предметите се остатоци од распадната ракета. Но, сега беа најдени други такви топки во џунглите на Виетнам и изгледаат малку различно.

На 2. јануари медиумите во северен Виетнам известија дека властите нашле три мистериозни метални топки кои паднале на Земјата без никакво објаснение.

тп01

Сведоците наводно виделе една од топките како лета наоколу во раните утрински часови пред да се урнат на земјата, правејќи гласен звук сличен на грмотевица. Една од топките паднала на нечиј покрив, втората паднала во близина на поток, а третата и најголемата паднала во нечија градина.

Тежината на топките изнесувала од 220 грама на најмалата до 45 килограми на најголемата.

тп02

Иследниците заклучиле дека топките се дел од вселенски отпад. Тие многу наликуваат на контејнерите за компресиран воздух во руските ракети. Властите брзо изјавиле дека не веруваат дека топките се со вонземјанско потекло. „Овие направи се направени од луѓе. Компетенти лица работат на откривањето за какви точно предмети се работи и наскоро ќе го објавиме нивниот официјален заклучок“, гласи изјава издадена од виетнамската влада.

Овие топки наликуваат на најдените во Шпанија минатата година во Шпанија, како и на тие во африканската држава Намибија во 2011 година.

тп03

И во двата случаи се заклучило дека топките се или резервоари за гориво или контејнери за кислород за вселенските летала.

тп04

Сепак, кога би налетале на една од овие топки, не знаејќи ништо за нивниот првичен контекст, никој не би ве обвинувал ако си помислите дека потекнуваат од некоја вонземна цивилизација. Погледнете го само ова чудо…

тп05

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено