Дали концептот за криогеника ве интригира, барем малку? Замислата вашето тело да го замрзнат во 2016 година, и потоа да ве одмрзнат по 100 или дури 1000 години… Можеби од ова ќе ви се сврти во главата, но за жал, веројатно тоа не бил сонот на 89-годишниот Норвежанец Бредо Морстоел кога умрел. А сепак, доколку такво нешто стане возможно, тој би можел да доживее такво искуство како последица на бизарен сплет на околности…

Ова е слика на Морстоел. Тој починал во 1989 година.

fs01

Набргу по неговата смрт, внукот на Морстоел, Тригве Бауге, добил чудна идеја.

fs02

Тој го замрзнал телото на својот дедо во надеж дека еден ден тој ќе се врати во живот. За да го оствари ова, Бауге го испратил телото на неговиот дедо во Сан Франциско, кадешто било сместено во привремен криогенички склад. Планот на Бауге бил таму да го чува телото на својот дедо додека тој да изгради своја сопствена зграда за криогеника во Недерланд, Колорадо.

Но, се испоставило дека Бауге не бил баш легално во САД.

fs03

Во средината на 1990-те, Бауге бил вратен во Норвешка откако не успеал да се здобие со виза. Неговата мајка, којашто во тоа време живеала со него во Недерланд, исто така морала да се исели од градот. Но, во меѓувреме Бауге го преместил телото на својот дедо во основно опремена зграда за криогеника која до тоа време успеал да ја изгради, што во основа било барака полна со лед. Бауге морал да го напушти телото со неговото заминување од САД.

За среќа, градските власти дозволиле телото да остане во бараката. Ова на Бауге му овозможило да се погрижи некој да се грижи за телото.

fs04

Бауге сега му плаќа на човек да го дополнува ледот во колибата на неговиот дедо на секои две недели.

fs05

Оттогаш, телото на Морстоел дошло во центарот на вниманието на годишниот пролетен фестивал на градот, наречен „Денови на замрзнатиот човек“.

fs06

И како што можете да видите во видеото подолу, тоа е доста популарен фестивал.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено