Маж и жена изгубиле 125 килографи откако се засрамиле од нивните дебели свадбени фотографии. Со комбинирана тежина од 330 килограми во нивните најдебели денови, Ноел и Лиза Хој од Даблин биле толку големи што не можеле да седнат еден крај друг во кино или во авион – и нивниот кревет четири пати попуштил под нивната тежина. Триесет и петгодишниот Ноел ослабнал цели 100 килограми, а триесет и тригодишната Лиза ослабнала педесет килограми.

Лиза вели: „Кога ги видов свадбените слики, срцето ми потона – апсолутно ми се смачи од глетката на нас како пар. Уште кога ги видов, знаев дека тоа нема да се слики кои ќе ги гледам со насмевка и засекогаш ќе ги чувам како богатство. Толку бев разочарана. Но, потоа се зачленив во „Слиминг Ворлд“ и изгубив шест конфекциски броја. Конечно можеме да ги правиме нештата кои нормалните двојки ги прават, да се гушкаме во кино, да седиме еден крај друг во јавен транспорт па дури и мирно да спиеме ноќе без страв дека ќе се скрши креветот под нас“.

Брачните другари, кои се запознале во 2003 година, признаваат дека цел живот биле зависници од неквалитетна храна.

db01 db02 db03 db04 db05 db06 db07 db08 db09

Сподели на Facebook
пати видено