Има ли нешто поромантично од вечера со свеќи на некој морски брег? Вечера со свеќи во пештерски ресторан на италијански морски брег. Хотелот и ресторан „Грота Палацезе“ е сместен во варовничка пештера во градот Полигнано а Маре, во Јужна Италија. Не само што вечерате во пештера, туку можете да уживате погледот кон Јадранското Море и вертикалните карпи типични за морскиот брег. Локацијата е населена уште од неолитот, и порано тоа било грчка колонија. Самиот ресторан е во употреба веројатно уште од осумнаесеттиот век, кога локалното благородништво се собирало таму за да ужива во пријатната атмосфера, а и бидејќи можеле да си го дозволат тоа.